Паника меѓу Светците: Мбапе се повреди на четири дена пред полуфиналето со Сити

Килијан Мбапе ја донесе победата за ПСЖ на гостувањето кај Мец, меѓутоа двојниот стрелец на гостите мораше принудно да го напушти теренот во 87-та минута откако се здоби со повреда на коленото.

Мбапе со потешкотии му го препушти местото на Дракслер, па сега се чекаат медицинските прегледи за да се утврди колку се сериозна повредата. За Светците ова е тежок удар во пресрет на првиот полуфинален дуел против Манчестер сити кој е закажан за среда.

Експолизниот француски офанзивец е најдобар играч сезонава на гигантот од Париз, па сигурно Покетино ќе сака со него да ги напаѓа Граѓаните, кои пак ќе имаат голема предност доколку Мбапе во среда навечер не се појави на „Паркот на принцовите“.

- Оглас -

Најнови вести