Паника на „Енфилд роуд“, Баерн може да го „украде“ Клоп во кое било време?

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, може во кое било време да си замине од „Енфилд роуд“ и да се врати во Германија. Според пишувањата на The Independent, германскиот стратег побарал и добил специјална клаузула во договорот кој неодамна го потпиша, а е за продолжување на верноста со англискиот гигант до 2024 година.

Сепак, Клоп ќе може во кое било време да си замине од Ливерпул доколку добие примамлива понуда од Германија. Шпекулациите се дека Баерн Минхен ќе се обиде да го доведе Клоп во летниот преоден рок. Најтрофејниот германски клуб сезонава го избрка Нико Ковач, а на негово место како привремено решение за до крајот на сезоната го постави Ханзи Флик.

Баерн се надева дека ќе успее да го убеди Клоп да дојде во Германија, каде што има работено со голем успех во Мајнц и Борусија Дортмунд. Сепак, засега е тешко за верување дека Клоп ќе сака да си замине од Ливерпул, клубот со којшто е на чекор од освојување на историската титула во Премиер лигата, а е и во трка за одбрана на тронот во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести