Паника во Арсенал: Капитенот Одегард се повреди (Видео)

Норвешка ја победи Австрија со 2:1 во меч од второто коло на Лигата на нациите, но домашниот тим претрпе една голема загуба откако се повреди еден од најдобрите играчи.

Се играше 67-мата минута, кога во дуел за топка беа Мартин Одегард и Кристоф Баумгартнер. Одегард незгодно згазна на левата нога и го превитка зглобот. Играчот, кој е капитен на англискиот гигант Арсенал, започна да се превиткува на теренот покажувајќи дека има голема болка и дека повредата е сериозна.

Одегард го напушти теренот со помош на лекарскиот тим на Норвешка.

https://twitter.com/i/status/1833237124436427196

Уште не се знае точната дијагноза, а стравовите се дека Арсенал подолг период може да остане без својот лидер на теренот.

„Во моментов е тешко да се каже нешто за степенот на повредата. Истегнувањето на глуждот може да биде сериозна повреда. Можеби користиме ултразвук за да го погледнеме. Ако не сме сигурни, ќе има магнетна резонанца утре (вторник)“, рече докторот на норвешката репрезентација, Ола Санд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести