Паника во Арсенал: Три европски гиганти го сакаат потписот на младата ѕвезда

Пред раководството на Арсенал е голем предизвик, да се задржи во своите редови Итан Нванери. 18-годишниот фудбалер блеска оваа сезона, па го споредуваат дури и со Ламине Јамал, а има договор само до 2027 година.

За неговите услуги веќе има интерес од три европски гиганти, а во преден план е Реал Мадрид. Останатите две екипи се Манчестер сити и Челзи. За очекување е дека наскоро може да пристигне и официјална понуда, а доколку „топчиите“ не реагираат брзо и му го продолжат договорот, тогаш ќе мора да започнат со разгледување на понудите, се со цел да заработат на младиот фудбалер.

18-годишниот фудбалер потекнува од академијата на Арсенал, а неговата моментална вредност се проценува на 55 милиони евра, сума која нема да биде проблем да биде платена за трите екипи кои го посакуваат во своите редови.

Нванери оваа сезона во сите натпреварувања настапи на 29 натпревари со ефект од осум гола и една асистенција. На тревникот мина 1.087 минути.

- Оглас -

Најнови вести