Паника во Барселона: Чави во стил на детектив ги проверува телефоните на соработниците

Раководството на Барселона, но и тренерот Чави Ернандес се во голема паника, бидејќи се сомневаат дека имаат „крт“ во соблекувалната. Голем дел од информациите од тренинзите и состаноците во клупските простории се пренесуваат надвор од клубот и лесно стигнуваат до медиумите.

Каталонците ангажираа детективи кои ќе треба да ги проверат сите комуникации на фудбалерите, а Чави лично им ги проверува телефоните и разговорите на најблиските соработници од стручниот штаб.

Додека трае „истрагата“, на тренинзите и состаноците забрането е присуството на клупскиот персонал и оваа одлука ќе важи сè додека не биде пронајден кртот, односно човекот кој ги изнесува информациите од клубот.

- Оглас -

Најнови вести