Зад Барселона е една турбулентна сезона, која што може да се каже дека заврши на успешен начин. По губењето на Лео Меси и катастрофалните резултати под водство на Роналд Куман, тимот од Камп Ноу со доаѓањето на Чави се стабилизираше.
Но, се појавија нови проблеми а тие се околу продолжувањето на соработката со мегаталентот Гави, кој што заедно со неговиот агент ја одолговлекуваат одлуката.
„Не ми е јасно зошто агентот и самиот Гави го прават тоа, ние немаме време и не сакаме да чекаме“ изјави Хуан Лапорта, претседателот на Барселона.
17-годишниот играч на Барса до сега има 34 настапи во првиот тим на Каталонците, а во последно време Ливерпул прикажува сериозен интерес за да го доведе во нивните редови.
Договорот на суперталентот истекува по крајот на следната сезона, а и покрај тоа што има само 17 години, тој се очекува да биде еден од предводниците на „црвената фурија“ на СП во Катар.