Паника во Џенова: 14 позитивни случаи на ковид-19!

Џенова потврди 14 нови случаи на корона-вирус само еден ден по дебаклот од Наполи со 6-0 на „Сан Паоло“. На веќе заразените Шоне и Перин, кои не отпатуваа за Неапол, 14 нови членови од екипата се ставени во самоизолација откако имале позитивни резултати по денешните тестирања.

Клубот за којшто настапува македонската легенда Горан Пандев потврди дека од заразените, 11-мина се фудбалери, останатите се членови на стручниот штаб, а имињата засега не се познати.

Можно е меѓу заразените да има играчи кои вчера настапија на средбата против Наполи, па нема да биде изненадување да има позитивни случаи и во редовите на тимот на Џенаро Гатузо.

 

- Оглас -

Најнови вести