„Паниниманијата“ почна и кај нас, Србите сликичката со Џердан Шаќири ја лепат наопаку (Фото)

Официјалниот албум со самолепливи сликички за Светското првенство во фудбал веќе е пуштен во продажба и во Македонија. Албумот чини 100 денари и со него доаѓаат шест сликички, а една ќесичка чини 45 денари и внатре има по пет сликички.

За пополнување на албумот треба да се залепат 638 сликички, па задоволството на колекционерите и не е баш евтино, но меракот е голем и ретко дека фанатиците за албуми ќе се откажат од собирање.

Македонија не е дел од Мундијалот во Катар, но Србија е и таму масовно се собира албумот. Кај нашиот северен сосед еден од најнепопуларните фудбалери е Џердан Шаќири, Србите не му го забораваат потегот од минатото Светско првенство, па некои од нив сликичката на Швајцарецот со косовско потекло ја лепат наопаку.

- Оглас -

Најнови вести