(6101) Германија – Швајцарија (20:45ч)
Со две ремија и една победа, Германија заостанува два бода зад Црвената фурија во групата 4, па затоа вечерва нема братски да ги дели бодовите во дуелот против Швајцарија. Првиот меч на овие селекции заврши со нерешени 1-1, што е прво реми во последните пет меѓусебни средби.
Два гола се просек во дуел на овие две репрезентации, ако се знае дека пред споменатото реми, средбите завршуваа со 5-3 за Швајцарија, односно 3-1, 4-0 и 2-0 победи на Панцерите.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.08)
(6102) Украина – Шпанија (20:45ч)
Шпанците немаат гостувано во Киев од 2015 година, кога триумфираа со минимални 1-0 против украинската репрезентација. Оттогаш овие две селекции се сретнаа само еднаш, а Фуријата лесно славеше со убедливи 4-0 на домашен терен.
Составот на Шевченко е во негативна мини-серија од три порази, последниот го претрпе пред три дена од Германија токму во Киев, па ќе биде вистинско разочарување за навивачите доколку повторно гледаат меч во кој нивната селекција губи на домашен терен.
Шпанија беше далеку од убедлива против Швајцарија, среќно стигна до победничкиот гол, а и вечерва ќе има адекватен противник подготвен за надигрување.
Предлог тип: X2 & 0-3 (1.91)
(6121) Азербејџан – Кипар (18ч)
Кипар е во катастрофална форма од седум порази со уште полоша гол-разлика од 3-20. Азербејџан е малку подобар, има една победа меѓу петте порази во последните шест меча, која ја оствари токму против денешниот противник со минимални 1-0. И во овој меч не би требало да се чека голеада со оглед на тоа дека Азербејџан во три натпревари реализира само два гола, додека пак Кипар прими пет, а не даде ниту еден гол во три средби.
Предлог тип: 0-2 гола (1.53)
(6122) Црна Гора – Луксембург (20:45ч)
Црна гора изгради победничка форма и има максимален учинок по три кола во групата 1 од Сегментот Ц, притоа е без примен гол во трите средби. Досега во две средби против Луксембург, Црна Гора запиша две победи, а и вечерва треба да го повтори настапот од гостинската победа остварена во септември.
Луксембург првпат ќе гостува во Подгорица, а не е во добра форма надвор од дома само со една победа и четири порази во последните пет меча, па затоа се очекува ново разочарување, иако квотата „кец“ на Црна Гора делува дека е висока.
Предлог тип: 1 (2.0)
(6131) Летонија – Малта (18ч)
Летонија има добра шанса конечно да триумфира во ова издание на Лигата на нациите, откако претходните три меча ги ремизираше. Против Малта, Летонците имаат учинок од две победи и реми, па затоа се претпоставува дека домаќините вечерва ќе остварат позитивен резултат.
Малта за нијанса го подобри учинокот и излезе од агонијата од 10 последователни порази, веќе три меча нема забележано поразителен резултат. Сепак, тоа ќе се смени по овој меч.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.28)