Панучи го тужи експретседателот на Албанија

Актуелниот селектор на албанската репрезентација, Кристијан Панучи, покрена приватна тужба против Бујар Нишани, кој до лани беше претседател на Албанија. Панучи бара 100 илјади евра бидејќи му бил нарушен имиџот со навредата од страна на Нишани, кој на „Фејсбук“ напиша дека Италијанецот е шарлатан.

На 29-ти мај, откако Албанија загуби на пријателски меч против Косово, Нишани напиша: „Браво Косово. Шарлатанот Панучи го уништува она што беше претходно изградено“.

Судијата Анила Каранџа за 30 дена ќе одлучи дали ќе има судењe откако ќе го слушне исказот на одбраната.

Панучи, кој има 45 години, од јули 2017 е селектор на нашиот западен сосед. По богатата и трофејна играчка кариера, тој заплива во тренерските води, но на клупата нема успеси како на тревниот терен.

- Оглас -

Најнови вести