Во кошаркарската Евролига вечерва се одиграа три натпревари, и на сите три меча беше видена вистинска драма во моментите кога се одлучуваше победникот.
Кошаркарите на Панатинаикос со голема победа се враќаат од пеколно тешкото гостување кај Фенербахче во Истанбул. Грчкиот претставник победи со 76-81 после голема драма, откако во целиот меч имаа предност, но им дозволија на домаќините резултатски да се вратат и да внесат неизвесност во натпреварот.
За разлика од ПАО, вториот грчки претставник, Олимпијакос, со пораз се враќа од гостувањето кај Баерн Минхен. „Баварците“ успеаја да надополнат двоцифрена негатива и со одлична последна четвртина да дојдат до победата. Едвардс со 30 и Букер со 20 поени беа предводниците на Баерн Минхен до големата победа.
Единствениот фаворит кој победи вечерва е Барселона, која славеше над Лион, но многу потешко од очекуваното. „Каталонците“ победија со 90-83 и тоа со предност која ја стекнаја во последната четвртина, откако после три периоди беше нерешено.