Хајдук и ПАОК одиграа без голови, 0-0, на првиот натпревар од третото квалификациско коло за Конференциската лига на целосно исполнетиот „Пољуд“. Домашниот состав беше подобар и промаши голем број шанси за гол, а гостите од Солун повеќе мислеа да го зачуваат својот гол отколку да го загрозат противничкиот.
Возбудливо беше и на трибините, каде што беа испратени низа националистички пораки, со оглед на тоа дека навивачите на ПАОК и белградскиот Партизан се збратимени, а познато е ривалството помеѓу хрватските и српските екипи.
Претставникот на Косово во Конференциската лига, Балкани, забележа сигурна победа на домашен терен против Линколн од Гибралтар од 2-0. Победникот беше решен во првата половина од второто полувреме, кога шампионот на Косово со два погодока во три минути го реши победникот на мечот.
https://twitter.com/FootColic/status/1689729819796193280?s=20
https://twitter.com/FootColic/status/1689730281324896256?s=20