Папа Буба Диоп погребан со сите државни почести
Сенегалските политички лидери се простија со фудбалската легенда.

Некогашниот сенегалски фудбалер Папа Буба Диоп, кој почина на 42-годишна возраст, беше погребан во родната земја со сите државни почести, нешто што досега се немаше случено. Буба Диоп кој е најпознат по постигнувањето на победничкиот гол на отворањето на СП во 2002 против тогашниот актуелен првак Франција, со националниот тим на тој Мундијал дојде до четвртфинале.
Претседателот на Сенегал, Маки Сол, беше меѓу говорниците на погребот и рече дека смртта на Папа Буба Диоп е ненадоместлива загуба за нацијата, бидејќи тој го постави Сенегал на светската фудбалска мапа.
