Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ужива во краток одмор со своето семејство на популарниот грчки остров Миконос. Новак го откажа настапот во Канада, сакаше да си го продолжи одморот по учеството на Вимблдон, а пред Мастерсот во Синсинати (почнува на 5 август) и последниот гранслем годинава, Отвореното првенство на САД (почнува на 24 август).
На Миконос, Ѓоковиќ е заедно со неговата сопруга Јелена, нивните две деца Стефан и Тара, како и неговиот брат Ѓорѓе со сопругата Сашка. Папараците не ја пропуштија можноста да забележат неколку лични моменти на плажа вклучувајќи ја брканицата со Стефан, танцувањето со малата Тара и романтичниот бакнеж со Јелена.
Новак не успеа баш добро да ја скрие својата приватност бидејќи папараците го пронајдоа на плажа, каде што забележаа неколку одлични моменти. Тој се покажа како одличен татко, играјќи си со своите деца, а беше фатен и како се бакнува со сопругата Јелена, што исто така е нешто што е видено јавно долго време.
(Фото: ThePhotOne / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia)