Папата доби дрес и топка со автограми од Елмас и другите шампиони од Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, со фудбалерот Џовани Симеоне беа на прием кај Папата Франциск и на поглаварот на Римокатоличката црква му подарија дрес со бројот 10 и топка со автограми од тимот кој годинава ја освои титулата во Серија А.

Освен тоа, Папата доби и мини статуетка од стапалото на Диего Марадона со цел со неа „да ги шутне сите неправди во светот“.

Папата е Аргентинец, па затоа и Симеоне, кој е негов сонародник, беше избран да му право друштво на Де Лаурентис. Папата е љубител на фудбалот, навива за клубот Сан Лоренцо, па си посакаа да се организира пријателски меч помеѓу Наполи и Сан Лоренцо.

- Оглас -

Најнови вести