35.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Параглајдеристи имаа две одвоени несреќи кај Мечкин Камен, едниот со хеликоптер итно пренесен во болница

Kај Мечкин Камен, во близина на Крушево, денеска се случија две одвоени несреќи со параглајдеристи. Во првиот случај, еден од нив за време на индивидуален лет, при обид за слетување, се закачил на дрво високо околу пет метри и не можел сам да се симне.

Неколку часа подоцна, во истата област, друг параглајдерист паднал за време на летот. Медицинскиот тим на терен констатирал тешки телесни повреди, обилно крвавење и состојба на бессознание. Поради критичната состојба, бил побаран итен хеликоптерски транспорт до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Хеликоптерот кој во моментот учествувал во гаснење пожар во подрачјето Јасен бил пренасочен кон Крушево за брза интервенција. Надлежните служби соопштија дека се преземаат сите потребни мерки за безбедно завршување на спасувачките акции.

- Оглас -

Најнови вести