Парагваецот е хит во Премиер лигата, игра во најбогатиот клуб на светот, но, на секој натпревар носи искинати копачки

Фудбалерот на Њукасл, Мигел Алмирон е вистински хит во Премиер лигата, игра фантастично во дресот на Њукасл кој има одлична шанса да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а поради суеверие носи искинати копачки.

Алмирон на 23. октомври минатата година го постигна вториот гол за својот тим во победата од 2:1 на Тотенхем и ги оштети копачките, но не сака да ги промени бидејќи смета дека тие му носат среќа.

Поради тоа, пред секој натпревар, Алмирон, копачките ги носи на „третман“ кај Нил Стокер, човекот задолжен за опремата на фудбалерите на Њукасл.

Парагваецот се надева дека ќе може да ја доигра сезоната со “среќните“ копачки, а потоа како знак на благодарданост, ќе му ги подари на Стокер.

„Моите среќни копачки се отворени како сендвич. Му реков на Нил дека мора нешто да направи бидејќи повторно постигнав гол со нив. Тој некако ќе ги залепи и само се надевам дека ќе издржат до крајот на сезоната. Потоа ќе ги потпишам и ќе му ги подарам на Нил“, изјави Алмирон.

Мигел Алмирон сезонаа постигна девет гола во Премиер лигата, од кои четири со среќните копачки.

- Оглас -

Најнови вести