Паратичи на преговори во Лондон: Тема се Дибала и Лукаку

Претставници на италијанскиот првак Јувентус наводно се наоѓаат во Лондон, каде што преговараат со Манчестер јунајтед околу евентуална размена на Пауло Дибала и Ромелу Лукаку. Старата дама веќе извесен период се обидува да го украде Белгиецот од рацете на Интер, кој беше прв фаворит за потписот на Лукаку.

Јуве, сепак, пристапи со попримамлива понуда нудејќи го Дибала во директна размена, со тоа што Црвените ѓаволи треба да доплатат околу 15 милиони евра за Аргентинецот. Италијанските медиуми известуваат дека на состанокот присуствувал и агентот на Лукаку бидејќи неговиот клиент на сите начини се обидува да замине од „Олд Трафорд“.

Останува да се убеди Дибала, кој пак засега не размислува за преселба од Торино, па токму затоа спортскиот директор на Јуве, Фабио Паратичи, е во Лондон за да помогне да се оствари големата размена.

 

- Оглас -

Најнови вести