Пари Сен Жермен и официјално го претстави Џанлуиџи Донарума како ново големо засилување за клубот, а потпишан е договор до 2026 година.
Донарума доаѓа во Париз како европски првак со Италија, а беше прогласен и за најдобар на турнирот на кој Аѕурите по вторпат станаа европски шампиони.
https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1415375085133836293?s=20
Донарума пристигна во ПСЖ од Милан, клубот каде што мина 8 години, шест од нив во сениорскиот тим, за кој бранеше на 215 натпревари.
Популарниот Џиџио има 22 години, а веќе е меѓу најдобрите голмани на планетата и ќе биде големо засилување за ПСЖ, заедно со Серхио Рамос, Вајналдум и Хакими, кои претходно стигнаа во клубот од Париз.