Пари Сен Жермен официјално го доби засилувањето за нападот, Гонсало Рамош е нов Светец!

Португалскиот напаѓач Гонсало Рамош и официјално е нов член на Пари Сен Жермен. ПСЖ за Рамош на Бенфика ќе ѝ плати отштета од 80 милиони евра.

Поради финансискиот ферплеј, сезонава Рамош ќе игра како позајмен, но со задолжително откупување на договорот следното лето за 65 милиони фиксни и уште 15 милиони бонуси.

Официјализирањето на договорот со Рамош, парижаните го направија со потсетување на Португалецот Педро Паулета, кој за пет години (од 2008 до 2013 година) даде 109 гола за ПСЖ.

„Сега тебе ти е редот да испишеш историја во ПСЖ“, му порача Паулета на својот сонародник, кој блесна на Мундијалот во Катар и важи за еден од најдобрите млади напаѓачи во светот.

https://twitter.com/i/status/1688626065080565760

- Оглас -

Најнови вести