Пари Сен Жермен во две минути покажа како им поминало патувањето до Битола (Видео)

Ракометарите на Пари Сен Жермен, предводени од Никола Карабатиќ, синоќа пристигнаа во Битола и се сместија во еден хотел на периферијата на градот, а вечерва од 18.45 часот во преполната сала „Боро Чурлески“ ќе му гостуваат на Еурофарм Пелистер во дуел од Лигата на шампионите.

Парижаните објавија видео во кое се пофалија дека се добредојдени во Македонија и презентираа како им поминале денот и ноќта. Најпрвин тренираа во Париз, па одлетаа за Македонија, слетаа на аеродромот во Охрид, а од таму со автобус заминаа во Битола, каде што се сместија и имаа вечера во хотелот. Време за тренинг во Битола немаа.

https://twitter.com/i/status/1757502970998964450

- Оглас -

Најнови вести