Парите полека но сигурно ја уништуваат убавината на фудбалот. Големите екипи стануваат уште побогати, додека останатите се надеваат дека ќе заработат од продажба на некој добар играч.
Но, УЕФА јасно е дека мора да застане во одбрана на големите, бидејќи тие се тие што ги носат неверојатните приходи. А дека парите го победија фудбалот говори и последната одлука.
Мадридскиот весник АС дојде до неверојатни инфорамции дека УЕФА е подготвена да почне да ги организира финалињата на Лигата на шампионите во САД.
Интересот за да се одржи овој меч во Северна Америка е огромен, а уште поголеми се средствата кои што би се слеале во касата на Европската куќа на фудбалот.
Јасно е дека со ваква одлука, елитниот фудбал за обичниот човек станува луксуз којшто не секој може да си го дозволи.