Парите го вртат светот, Саудијците подготвуваат револуција во тенисот

Новинарот на еден од највлијателните спортски магазини на светот „Спортс илустрејтед“, Џон Вертхајм, тврди дека Саудијците сега подготвуваат револуција во тенисот.

Според него, четирите гранслем-турнири, деветте актуелни мастерс 1000 турнири и десеттиот, кој би требало да се одржува во Ријад, Саудиска Арабија, би се одвоиле од АТП и биле под капата на Саудискиот државен инвестициски фонд (ПИФ).

Со ова би се направила тениска „суперлига“, додека на АТП и ВТА би им останале помалите турнири, сериите 500 и 250, челинџерите и завршниот Мастерс.

Теоретски оваа идеја е возможна бидејќи сопственици на гранслем-турнирите и мастерсите од серијата 1000 се поединци, менаџерски агенции и национални тениски федерации и според новинарот, веќе се започнати преговори за купување на турнирите.

Вертхајм смета дека Саудијците можат да понудат огромна сума пари и да ги купат најголемите тениски турнири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести