Парите не се важни на терен, една од најсиромашните ја победи една од најбогатите азиски земји (Видео)

Репрезентацијата на Таџикистан првпат се пласира во четвртфинале на Азиското првенство во фудбал, и тоа откако на пенали беше подобра од фаворитот Обединетите Арапски Емирати, a во регуларниот дел беше 1-1.

Овој меч е доказ дека секогаш не победуваат фаворитите и побогатите. Таџикистан е дури на 104-тото место на ранг-листата на ФИФА и првпат се најде меѓу осумте најдобри на азискиот континент. Во четвртфиналето, противник ќе им биде Ирак или Јордан.

Погледнете колку емотивно Таџикистанците ја прославија победата:

- Оглас -

Најнови вести