Парите од билетите за комеморацијата на Коби и Џана ќе се донираат

ЛА лејкерс соопштија дека сите фанови кои сакаат да присуствуваат на комеморацијата за Коби и Џана Брајант во „Стејплс центарот“ ќе треба да си обезбедат билети една недела пред самиот настан. Комеморацијта е закажана на 24 февруари, посебен датум знајеќи ги броевите 24, односно 2 кои ги носеа на своите дресови легендата на Лејкерс и неговата ќерка.

Воедно, собраните средства од билетите ќе се донираат во новоформираната фондација „Мамба и Мамбасита“.

Кошаркарската икона го загуби животот во трагичната несреќа на 26 јануари, откако хеликоптерот во кој се наоѓала Џана со уште шест патници и пилотот, се урна во близина на Лос Анџелес. Погребот се случи пред три дена во тајност, на кој присуствувале само најблиските на починатите, по барање на сопругата на Коби, Ванеса Брајант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести