27.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Парите се причина за желбата на Кристијано Роналдо да си оди од Манчестер јунајтед!

Кристијано Роналдо сака да си оди од Манчестер јунајтед не затоа што ќе треба да игра во Лигата на Европа наместо во Лигата на шампионите, туку поради одлуката на клубот да им ги скрати платите на фудбалерите за 25 проценти.

Јунајтед како казна што не обезбедија место во ЛШ, во следната сезона ќе им дава за една четвртина помали плати на играчите. Кристијано не се согласува со оваа одлука и мисли дека не заслужува да добива помала плата. Сезонава тој заработуваше 480.000 фунти неделно, а во следната ќе треба да зема 360.000.

 

- Оглас -

Најнови вести