Управата на Светската фудбалска асоцијација (ИФАБ) утре ќе дискутира за зголемување на времетрањето на полувремето на фудбалските мечеви.
Одделот на ФИФА кој е задолжен за создавање и регулирање на правилата во овој спорт ќе ја разгледува можноста да ја зголеми паузата од 15 на 25 минути, нешто слично како во НФЛ Суперболот.
Според предложувачите, во овој случај Конкакаф, тоа ќе донесе уште поголем прилив на пари, а навивачите на стадионите и пред малите екрани ќе имаат шоу од некој изведувач.
Како што напоменавме, тоа е случај во Суперболот, каде што само за тој меч полувремето наместо 12, трае половина час, а светски познати изведувачи ја забавуваат публиката.
Останува да се види на кои натпревари и од кои лиги ќе биде сето ова, а доколку се прифати ваквиот предлог, може да биде имплементиран и во овосезонското финале од Лигата на шампионите, како и на претстојното Светско првенство во Катар.