Парите заработени во НБА ги „помножи“ и сега на раат може да оди во пензија

Тревор Букер во 2010 година беше избран на драфтот од екипата на Вашингтон визардс и така започна неговата кариера во НБА. Откако помина четири сезони во Вашингтон, се пресели во тимот на Јута, а потоа настапуваше и за Бруклин, Филаделфија и Индијана.

Освен со кошарката, Букер парарелно реши да влезе и во бизнис-водите, каде што очигледно му оди многу добро. Заедно со негов пријател, Тревор е сопственик на повеќе успешни компании, а според заработените пари, на добар пат е да стане и милијардер.

Едноставно, кошаркарот кој во кариерата на 532 меча имаше просек од 6,9 поени и 5,5 скокови, НБА му беше како отскочна штица да се покаже како одличен стопанственик.

- Оглас -

Најнови вести