Париз Ли промаши спектакуларен шут за победа, мајка му го украде шоуто по триумфот по продолженија (Видео)

Париз Ли промаши спектакуларен шут за победа на Панатинаикос во регуларниот дел од мечот против Виртус Болоња, а потоа сепак се радуваше на триумф заедно со својата мајка, која го украде шоуто во Атина.

Ли се обиде со удар од својата половина со звукот на сирената, а топката го погоди обрачот и не влезе во кошот, иако беше блиску до победничка тројка.

Мечот заврши 76:76 во регуларниот дел, а Панатинаикос славеше со 88:85 по продолженија.

Мајката на Ли беше расположена и со танц ја прослави победата на својот син и на тимот на Панатинаикос.

Во драматичен меч, Баерн го победи Лион со 75:74 на гости, а Басконија го декласира Жалгирис со 93:73 во последниот од трите меча што вечерва се играа во Евролигата.

- Оглас -

Најнови вести