21.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Париз на „готовс“ пред финалето на Светското клупско првенство

Париз внимателно се подготвува за неделниот финален натпревар од Клупското светско првенство, во кој ќе играат фудбалерите на ПСЖ и Челзи во САД, со почеток во 21 часот.

Во текот на неделниот ден и за време на финалето, во Париз и пошироката област ќе важат строги безбедносни мерки, а на улиците ќе бидат распоредени 11.500 припадници на полицијата и безбедносните служби.

Парискиот градски совет исто така забрани собирање на навивачи на улиците и организирано следење на финалето на јавни места. Забрането е собирање и на познатите локации Шанзелизе и Плас де ла Конкорд, кои ќе бидат затворени за пешаци и возачи. Овие мерки се поврзани и со државниот празник – Денот на падот на Бастилја во понеделник, кога ќе се одржи воена парада.

Зголеменото присуство на полицијата е последица на немирите што се случија во ноќта кога ПСЖ првпат ја освои титулата во Лигата на шампионите. Во Париз и околината тогаш избувнаа бројни инциденти по кои беа уапсени 563 лица, од кои околу 500 само во градското подрачје.

- Оглас -

Најнови вести