Париз не е Мелбурн, продолжи проклетството на Надал во Австралија

Мелбурн е сосема спротивна тениска приказна од Париз, за Рафаел Надал, а проклетството со порази во финалните мечеви на Австралија опен продолжи и денеска.

Новак Ѓоковиќ беше многу подобар, победи со 3:0 во сетови и го остави Надал на патот на поразите во финалните мечеви на Австралија опен.

Сосема спротивно од доманинацијата на Ролан Гарос, каде Рафа има неверојатни и рекордни 11 гренд-слем трофеи, во Мелбурн само еднаш ја освои титулата во пет финалиња.

Во 2009 година успеа во епски меч да го победи Роџер Федерер со 3:2 во сетови и да ја запише првата титула на тврда подлога во Мелбурн Парк. Се потоа се само порази, а ги има четири по ред во мечевите за титулата.

Во 2012 година повторно во пет сета, Ѓоковиќ беше за нијанса подобар, две години потоа Стане Вавринка го надигра Надал со 3:1 во сетови, а во 2017 година Федерер се реваншираше со триумф од 3:2 во мечот за титулата на Австралија опен.

Денеска Надал го претрпе првиот пораз без освоен гем во финалињата во Мелбурн и ја продолжи црната серија од четири порази по ред во мечевите за пехарот на Австралија опен.

- Оглас -

Најнови вести