5611 Ал Хилал – Персеполис (19.00 часот)
Во дуелот меѓу саудискиот и иранскиот гигант од азиската Лига на шампиони големи фаворити се домаќините од Ријад. Ал-Хилал е лидер на табелата во Западната арапска конференција од ЛШ, има 16 бода од можни 18 и во досегашните шест кола постигна дури 20 голови. Персеполис има 6 бода од шест меча, единствената победа им беше во минатото коло. Последниот меѓусебен дуел го имаа во 2021 година, кога Ал-Хилал победи 3-0, а сега саудискиот тим е многу посилен од тогаш.
Предлог тип: 1 & 3-5 (2.00)
1011 Квинс парк Р. – Блекбурн (20.45 часот)
Домашните се во „златната средина“ на табелата во англискиот Чемпионшип, засега без шанси за пласман во разигрување за влез во Премиер лигата или за испаѓање. Сезонава имаат 11 ремија, но ниту едно во последните шест кола. Блекбурн е петти на табелата, но четвртиот му бега 10 бода, па амбициите им се да останат тука и да се изборат за плејоф за влез во елитата. Последното реми на Блекбурн беше на први јануари, а КПР уште нема нерешено во 2025 година. Есеноска Блекбурн дома го победи КПР со 2-0, а Блекбурн ги доби и последните две гостувања во Лондон кај овој ривал.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.35)
3031 Аталанта – Болоња (21.00 часот)
Ова е четвртфинале на италијанскиот куп, се игра само еден меч, па двата тима ќе треба добро да се потрудат ако сакаат да влезат во полуфиналето. Домашните се фаворити на хартија, но и Болоња е добра во последно време, последниот пораз им беше пред Нова година, а и традицијата е на нивна страна. Есеноска, кога овие два тима се сретнаа во лигашки меч во Болоња, резултатот беше 1-1. Божицата дома не славела против Болоња уште од 2021 година.
Предлог тип: ГГ & 3+ (2.19)
2853 Ле Ман – ПСЖ (21.10 часот)
Без разлика дали е меч од лигата или пак од Купот на Франција, каков што е овој вечерашниот со Ле Ман на гости, ПСЖ секогаш е голем фаворит за победа. Би било сензација ако парижаните не влезат во четвртфиналето. Светците постигнаа 9 гола на последните два меча, Дембеле е во топ форма, направи два хет-трика по ред. Ле Ман е третолигаш, па претходниот официјален меч против ПСЖ го имале во 2019 година, исто така од Купот, кога ПСЖ победил 4-1 со голови на играчи кои веќе не се дел од парискиот клуб.
Предлог тип: Т2 1+I & T2 3+ (1.79)
1323 Атлетико М. – Хетафе (21.30 часот)
За Атлетико ова е генерална проба пред саботното дерби со Реал. Станува збор за четвртфинале во Купот на Шпанија и Јорганџиите доколку не го потценат противникот, ќе се пласираат во следната фаза. Хетафе знае да биде незгоден, во тоа неодамна се увери и Барселона, а малиот мадридски тим последниот пораз го имаше во декември. Атлетико и Хетафе веќе играа сезонава на „Ванда Метрополитано“ во средината на декември, Атлетико победи со 1-0 и тоа е последниот гостински пораз за Хетафе.
Предлог тип: 1 & 0-3 (1.98)