Парижаните патуваа со автобус, се сликаа во продавница на бензинска, па загубија од Рен

Првиот сезонски пораз на ПСЖ е големо изненадување, сите се чудат како може тим во кој се Нејмар, Меси, Ди Марија и Мбапе да не шутне во рамки (имаа 13 шута, но сите непрецизни или блокирани, ниту еден не беше во рамки на голот) на голот против еден Рен кој е во средина на табелата во Лига 1 во Франција, но кога ќе се земат во предвид сите околности, можеби сензацијата и не е толку голема.

Парижаните наместо со авион (летот беше откажан поради лошо време), до Рен патуваа со автобус, а тоа се 340 километри. На една од паузите, тие посетија бензинска пумпа на која опуштените Мбапе и Хакими седнати на земја се сликаа со чоколадите и бонбоните. Изгледа беа пресамоуверени во победата.

Друг проблем за ПСЖ беше името на тренерот на Рен. Бруно Женесио е човек кој има четири победи над ПСЖ, откако газди на парискиот клуб се богатите Катарци. Ниту еден друг тренер нема толку многу победи против скапиот тим од Париз.

- Оглас -

Најнови вести