Екипата на Пари Сен Жермен веројатно ќе може да смета на Килијан Мбапе на вечерашниот дуел против Аталанта, одличниот напаѓач кој имаше повреда, тренираше нормално со остатокот од тимот и би требало да се најде на листата на фудбалери кои ќе бидат во конкуренција за настап во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Ова е одлична вест за Светците кои гледаат идеална шанса годинава за првпат да станат европски шампиони. Можеби Мбапе чудесно закрепна по повредата во финалето на Францускиот куп, но затоа тешка повреда има тренерот Томас Тухел. Германскиот стручњак има скршеница на глуждот на левата нога, но тој и така не е играч, па неговата повреда нема да влијание негативно на теренот.