Парижаните со локалец ја стегаат одбраната

Пари Сен Жермен наскоро ќе го комплетира и третиот трансфер во овој преоден рок. Станува збор за 24-годишниот дефанзивец на Лајпциг, Норди Мукиеле. Вредноста на трансферот ќе изнесува до 20 милиони евра вклучувајќи ги и бонусите.

Французинот е роден во Париз, кариерата ја започна во градскиот нисколигаш, а од Монпелје заврши меѓу Црвените бикови пред четири години. Минатата година во септември дебитираше за сениорскиот тим на Триколорите, против Финска одигра 23 минути во мундијалските квалификации.

Повикот во репрезентацијата го заслужи по одличните партии во Лајпциг играјќи како стопер и по потреба како десен бек. Мукиеле одигра вкупно 145 меча за бундеслигашот, со учинок од 10 гола и 11 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести