Парма домаќин на Јуве, сезонава заедно имаат 27 нерешени резултати

3144 Хајдук – Истра (17.30 часот)

Тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо, рече дека со играчите се договориле веќе да не ги шокираат нивните навивачи со непотребни црвени картони и глупости на терен, останува да се види дали ќе го применат тоа вечерва, во Сплит против Истра. Хајдук се бори за титула, но веќе две кола по ред нема победа, и има еднаков број бодови со водечката Риека, а на Динамо му бегаат четири бода. Истра е опасен тим, ги победи Риека и Динамо, но дома, а на гости не победила уште од 9 февруари.  На последното гостување на „Пољуд“ во ноември Истра извади реми 1-1.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.11)

  

3610 Парма – Јувентус (18.30)

Парма се специјализира за нерешени резултати, има пет ремија по ред и вкупно 13 сезонава, а Јувентус е тим со најмногу нерешени резултати сезонава во Серија А, дури 14 пати играше без победник. Парма се бори за опстанок, има само три бода повеќе од опасната зона на табелата, а целта на Јуве е да избори место во Лигата на шампионите, за што им треба победа вечерва. Со новиот тренер Тудор, Старата дама е во добар ритам, освои 7 бода во последните три кола. Последните три меѓусебни дуели на овие екипи беа со по четири голови, есеноска во Торино беше 2-2.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.83)

 

3001 Торино – Удинезе (18.30 часот)

Ова е дуел на два соседи на табелата, имаат еднаков број бодови и се наоѓаат во златната средина, без шанси за излез во Европа или испаѓање, но разликата е што Торино често игра нерешено (13 пати сезонава), а Удинезе само седум ремија и најчесто или победува или губи. Удинезе е во криза, има четири порази едноподруго, а Торино три кола по ред не знае за победа. Торино четири меча по ред игра со 0-2 гола. Тимот на Елмас нема пораз на свој терен во 2025 година, последната победа на Удинезе во Торино беше пред пет години.

Предлог тип: & 1-3 (2.02)

  

1001 Арсенал – Кристал палас (21.00 часот)

Топчиите во оваа лондонска пресметка влегуваат со амбиција да победат и да ја одложат уште за некој ден шампионската промоција на Ливерпул. Ако победи Кристал палас, тогаш Ливерпул уште вечерва ќе биде прогласен за нов првак на Премиер лигата. Палас е тим со максимално избалансирани резултати, во досегашните 33 кола има по 11 победи, порази и ремија, па на безбедно место се на табелата. Арсенал е голем фаворит и добро би било за нив да го задржат победничкиот ритам, ова им е последен меч пред дуелот со ПСЖ од Лигата на шампионите за шест дена.

Предлог тип: 13 I & 1-3 II (1.94)

 

1376 Хетафе – Реал Мадрид (21.30 часот)

Реал Мадрид мора да победи за да го одржи чекорот со водечката Барселона. Хетафе е цврст тим кој не дава и не прима многу голови, а пет кола по ред не играле нерешено. Хетафе сезнава има помалку примени голови од Реал, но Кралскиот клуб е повеќе од двојно поефикасен. Кај Реал ќе ги нема Мбапе и Менди, кои се очекува да играат в сабота, во финалето на Купот. Хетафе засега е безбеден, но уште нема обезбедено опстанок. Нивните последни четири меѓусебни дуели на „Колисеум“ беа со 0-2 гола, а на последните два меча Реал победуваше со по 2-0.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.40)

- Оглас -

Најнови вести