Парма го назначи вториот најмлад тренер во историјата на Серија А

Парма официјално го назначи Карлос Куеста за нов тренер по заминувањето на Кристијан Киву, кој се приклучи на Интер. Договорот на 29-годишниот доскорешен помошник на Микел Артета во Арсенал е со важност од 2+1 година.

Тоа значи дека Шпанецот станува втор најмлад тренер во историјата на Серија А. На својот деби натпревар за Парма против Јувентус на 24 август, Куеста ќе има 30 години и 26 дена.


Единствениот кој бил помлад од него како тренер во италијанската елита е Елио Лоски, кој на 28 мај 1939 година ja водел Триестина против Јувентус на 29 години, 9 месеци и 20 дена.


Сепак, новиот тренер на Парма е број еден во две други категории: тој е најмладиот тренер во Калчо во 21-от век, како и најмладиот тренер во петте најсилни европски лиги.

За Куеста ова ќе биде прво искуство како главен тренер во неговата кариера, откако пет години беше асистент на Артета во Арсенал. Претходно работеше како помошник во младинскиот тим на Атлетико Мадрид до 17 години од 2014 до 2018 година, а ја имаше истата функција и во Јувентус У17 во текот на две сезони.

- Оглас -

Најнови вести