Парма го „шутна“ тренерот Фабио Ливерани, го враќа тренерот кој го избрка во август

Парма официјално објави дека му дава отказ на тренерот Фабио Ливерани, и на клупата како шеф на стручниот штаб се враќа Роберто Д‘Аверса. Парма во моментов е на 18-то место во Серија А.

Претседателот на клубот, Кајл Краус, му се заблагодари на Ливерани за напорната работа, и додаде дека Парма се борци и ќе се борат до крај, иако сезонава им е тешка.

Се најавува дека нов тренер ќе биде Д‘Аверса, човекот кој има договор со Парма до јуни 2022 година, а беше сменет од функцијата главен тренер во август. Под водство на Д‘Аверса, Парма кога беше на колена, од Серија Д напредуваше во Серија Ц, и во минатата сезона го освои солидното 11-то место.

- Оглас -

Најнови вести