Парма ја разби Џенова со 5-1 во дуел од италијанската Серија А, а стрелец на последниот гол беше Дејан Кулушевски, додека хет-трик имаше Корнелиус. Швеѓанецот со македонско потекло го дотолчи тимот на Горан Пандев. Нашиот репрезентативен капитен играше во првото полувреме и беше заменет со Пинамонти, кој го даде голот за гостите.
Џенова е претпоследна на табелата со само 5 бода во 8 кола. Послаба од Џенова е само градскиот ривал Сампдорија.
Парма за првпат после 14 години успеа да постигне пет или повеќе голови на средба од Серија А, а пред Корнелиус, последен играч кој направил хет-трик за Парма бил Амаури во 2013 година.