Парма и Милан одиграа 1-1 во првиот денешен натпревар од италијанската Серија А, а ова е резултат кој не им врши премногу работа ниту на едните, ниту на другите.
Милан поведе со голот на Саму Кастилјехо во 69 минута, а овој играч во игра влезе само три минути порано, и се покажа како златна резерва на тренерот Џенаро Гатузо. Милан имаше серија од шест меча по ред против Парма на кои даваше барем два гола. И овојпат „росонерите“ дадоа два гола, но оној во 74 минута на Кутроне беше поништен, поради офсајд на Пјонтек.
Сепак, во 87 минута, Бруно Алвеш од Парма даде гол од слободен удар, и на својот тим му донесе вреден бод. Бруно е единственит дефанзивец во Топ 5 лигите во Европа кој сезoнава дал два гола од слободни удари.
https://www.youtube.com/watch?v=dVUy8KWSl9E
Парма која во претходните две кола играше 0-0, се бори за опстанок (на седум бода од опасната зона), а Милан кој е четврти на табелата, атакува кон излез во Европа, по можност во Лигата на шампионите.