Парма се пофали со Пандев и му посака добредојде (ФОТО)

Горан Пандев во наредните шест месеци ќе го носи дресот на Парма.

Поранешниот македонски репрезентативец се збогува со Џенова и е претставен како засилување на великанот кој во овие мигови игра во Серија Б.

Како што пишавме, се работи за перманентен договор од шест месеци, а потоа раководството доколку биде задоволно, ќе се обиде да го премисли Пандев да одигра уште една сезона.

Гоче заедно со легендарниот Џанлуиџи Буфон ќе се обидат да ја вратат Парма таму каде што припаѓа, во елитата на Серија А.

- Оглас -

Најнови вести