2.6 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Парма успеа да освои бод во Неапол

Наполи одигра без голови (0-0) против Парма на свој терен, во натпревар од 16–тото коло од италијанската Серија А.

Големо изненадување приреди екипата на Карлос Куеста, која успеа да остане непоразена на „Диего Армандо Марадона“ против актуелниот шампион на Италија.

Наполи уште во 11-тата минута ја затресе мрежата преку Мектоминеј, но погодокот беше поништен поради офсајд во претходниот дел од акцијата.

Избраниците на Антонио Конте продолжија со силен притисок, а голманот на Парма, Риналди, во краток временски период имаше две одлични интервенции по ударите на Бонџорно и Хојлунд. До крајот на првото полувреме, сепак, не се случи ништо позначајно.

И во второто полувреме се гледаше слична слика, но нападите на Наполи со текот на времето стануваа сè понеефикасни, додека гостите полесно ја чуваа својата одбрана.

Како дополнителен проблем за домаќините дојде и повредата на Нерес, кој влезе како резерва, но мораше да ја напушти играта во судиското продолжение. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра половина час, влегувајќи во игра во 58-та минута.

Резултатот остана непроменет, па Парма со право може да биде позадоволна од освоениот бод.

По овој натпревар, Наполи е третопласиран на табелата со 40 бодови, додека Парма се наоѓа на 14-тото место со 22 бода.

- Оглас -

Најнови вести