Парма започна преговори со Марк ван Бомел за тренерската позиција

Даниеле де Роси сè уште важи за главен фаворит за клупата на Парма, но раководството на клубот веќе започнало преговори и со холандскиот стратег Марк ван Бомел, пренесуваат италијанските медиуми.

Парма е во потрага по нов предводник откако Кристијан Киву неодамна го напушти клубот за да се врати во Интер. Де Роси брзо се наметна како приоритетна опција, но сè уште нема целосен договор меѓу двете страни.

Парма воспоставила првичен контакт и со Ван Бомел, кој и претходно бил на радарот на клубот, уште пред да биде назначен Киву во февруари годинава.

48-годишниот Ван Бомел има солидна тренерска кариера зад себе. Тој ги предводеше ПСВ Ајндховен, Волфсбург и најуспешно – Ројал Антверпен, со кој ја освои шампионската титула, Купот на Белгија и Суперкупот. Последниот ангажман во Антверпен му заврши во јуни 2024 година.

Покрај тренерското искуство, Ван Бомел добро ја познава италијанската Серија А како поранешен фудбалер на Милан, каде настапуваше од јануари 2011 до јуни 2012 година, пред да ја заврши својата кариера во ПСВ.

- Оглас -

Најнови вести