Вардар извојува нов сензационален триумф во Лигата на шампиони, овој пат на гостувањето кај Веспрем. Вардарци со 27-25 беа подобри од унгарскиот гигант, а тренерот Роберто Парондо по мечот истакна дека е презадоволен од играта на неговите ракометари, особено што покажаа цврст карактер.
„Пресреќен сум, знаевме колку ќе биде тешко да се победи Веспрем, особено на нивен терен. Но, и покрај кратката клупа и повредите, моите момци покажаа карактер, го надоместија отсуството на неколку повредени играчи и одиграа одлично. Сѐ што работевме во изминатиов период го исполнивме, им се заблагодарувам на ракометарите за тоа“, изјави Парондо по мечот.