Новото, 17-то коло сезонава од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, започна и можете да типувате, бесплатно е.
Меѓу 13-те натпревари најголемо внимание привлекуваат дерби-пресметките во Премиер лигата и во Ла Лига, Ливерпул – Њукасл, односно баскиската пресметка Атлетик Билбао – Реал Сосиедад.
Првиот меч во понудата е Овиедо – Жирона, кој се игра в сабота од 14 часот и тоа е крајниот термин до кој може да се вклучите со прогнози.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.
Во генералниот пласман Благојчо А. има опиплива предност од шест поени и засега е најблиску да дојде до подарокот, смарт телевизор самсунг 55“. Но, до крајот на сезоната има уште доста и никој не е отпишан, можни се секакви пресврти.


