Паровите за новото коло на Спортска прогноза се тука, пробајте си ги знаењето и среќата

Новото 27-мо коло сезонава на бесплатната Спортска прогноза е тука, типувањето може да почне.

Играчите веќе може да ги пополнат своите типови на нови 13 натпревари од основната понуда, плус два резервни пара и да се обидат да дојдат до одлични подароци од Sport Life.

Саботната понуда носи неколку предизвици, како дуелите помеѓу Њукасл и Тотенхем, Борнмут – Манчестер јунајтед, или Атлетико Мадрид и Жирона, тука се и градските пресметки Рајо Ваљекано – Хетафе и Торино – Јувентус. Од неделните мечеви, се истакнува мечот Вест хем – Фулам.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари. Во минатото коло имаше двајца прогнозери со 11-ка.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести