Екипата на Вардар славеше на гостувањето кај Велешта со минимални 1:0 во меч од 20-то коло во втората фудбалска лига.
Херојот на „црвено-црните“ беше Ерен Парталко кој погоди во 75-та минута од пенал.
Со оваа победа, најтрофејниот наш клуб сега има 40 бода, а интересно е што и Воска Спорт и Силекс победија со 1:0.
Воска со пеналот на Изаир Емини во 87 минута го победи Охрид, додека Силекс Антонио Каланоски даде гол во 55-та минута во средбата против Кадино.
Во моментов, тимот од Кратово е лидер во втората лига запад со 50 бода, Воска Спорт е втора со 45, а како што пишавме, Вардар сега има 40 бодови.