Како второпласиран тим во домашното првенство, белградски Партизан летово ќе игра во квалификациите во Лига на Европа. Црно-белите вчера го добија АЕК од Ларнака за ривал во првото коло, а денеска стана јасно дека ако успеат да го елиминираат кипарскиот тим, во второто коло ќе играат со подобриот од двомечот меѓу Сабах од Азербејџан и Целје од Словенија.
Тоа значи дека во второто квалификациско коло од ЛЕ може да има балканско дерби.