5.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Партизан беше на чекор да ја победи Барса по 15 години, но Клајбурн со тројка од пола терен ја украде победата (Видео)

Партизан и по 15 години се уште останува без победа над Барселона, која дојде до 12-тиот триумф по ред против „црно-белите“. Драмата во Белград доби своја разрешница на 32 секунди до крајот, кога Клајбурн со тројка од речиси половина терен направи пресврт и ги постави конечните 76-78 за Барселона.

Домашните имаа предност речиси во текот на целиот меч, со исклучок на првата четвртина и во завршницата влегоа со водство, имаа и напад за израмнување или победа по тројката на Клајбурн, но не само што не успеаја да погодат, туку и не направија фаул во последните 15-тина секунди за останат во игра.

Шенгелија со 24 поени беше најефикасен на мечот, а Вашингтон со 21 поен беше најпрецизен во поразениот состав.

Доскорешниот лидер на табелата во Евролигата, Хапоел, загуби на гостувањето кај Олимпијакос со 62-58, па им дозволи на Жалгирис и Црвена ѕвезда да се израмнат по бројот на бодови на врвот од табелата.

Монако славеше над Панатинаикос со 92-84, а Ти Џеј Шортс не успеа да се запише во листата со стрелците. На последниот меч, Басконија со 86-75 го победи Анадолу Ефес.

- Оглас -

Најнови вести