Екипата на Партизан е пред елиминација во Конференциската лига откако на првиот натпревар, и тоа на домашен терен, изгубија со 2:5 од Феенорд.
Иако Црно-белите во два наврати водеа, и тоа со головите на Бибрас Натхо (13′, 1:0), како и Немања Јовиќ (46′, 2:1), холандскиот великан не се откажа.
Најпрвин со голот на Јенс Торнстра за првпат израмни во 20-тата, а второто реми дојде во 52-рата минута благодарение на погодокот на Сириел Десерс. Лутсраел Гертрида (64′) му донесе целосен пресврт на гостинот, а печат на победата стави Луис Синстера во 71-вата минута.
Втор гол на оваа средба постигна Торнстра во 77-мата минута и со тоа ги реши сите дилеми околу победникот, а најверојатно и околу тимот што ќе се пласира понатаму.
Феенорд ја надмина бројката од 26 голови во европските натпреварувања за оваа сезона и сега постави нов клупски рекорд, кој може да биде подобрен и во реваншот.
Рома, пак, со голот на Сержо Оливеира си обезбеди мирен реванш на „Олимпико“ откако го совладаа Витесе со 1:0.
Најнеизвесен ќе биде возвратниот дуел меѓу ПАОК и Гент, каде што по првата средба, тимот од Грција има предност од 1:0 со голот на Јасмин Куртиќ.
Сите реванш-средби од ова натпреварување се играат за седум дена.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА
Партизан – Феенорд 2:5
Витесе – Рома 0:1
ПАОК – Гент 1:0
Славија Прага – ЛАСК Линц 4:1
27 – @Feyenoord have scored 27 European goals this season, a new record for the Rotterdam side in a single campaign. Club. pic.twitter.com/ugwYaQCeWt
— OptaJohan (@OptaJohan) March 10, 2022